Mузичко-едукативниот центар ЕНСО е совршен избор за почетници, аматери, и професионалци од сите возрасти. Во нашиот центар непостoјат возрасни граници. Најмладиот ученик има 5 години, а највозрасниот има 65 години.
Уписите се отворени во текот на целата учебна година, за сите нивоа од почетници до ученици кои се на напредно ниво, и сакаат да се усовршат.
Во ЕНСО работиме со самостојно изготвена, целосна и комплетна програма за сите нивоа и возрасти. Концептот на предавање се базира на мотивација, практично знаење, и постојано вежбање.
Од првиот час професорите имаат една цел, а тоа е да му помагаат на ученикот да стане свесен за својот талент и да стекне контрола врз своите вештини.
Програмата која секој ученик ја следи се подготвува индивидуално и независно од другите, специјано според потребите на ученикот, неговите цели и предзнаења. Секоја лекција е прилагодена засебно за секој ученик. Поради сето ова на нашите ученици им овозможуваме многу побрзо и едноставно да ги остварат своите цели.
Постојат програми за секој музички смер: класика, џез, блуз, рок, поп, се со цел да понудиме свеж и иновативен пристап кон учењето гитара.
ЕНСО во текот на годината организира повеќе јавни настапи и еден завршен концерт, во кој активно учествуаат сите ученици, и имаат можност јавно да се изразат и да го покажат наученото пред поголем аудиториум. Освен тоа, им нудиме незаменливи можности да учествуваат на најразличи манифестации и настапи, летни кампови – семинари, музички работилници како бенд работилници, каде учат како да свират во бенд, и како да компонираат авторска музика, итн.
Нашите најдобрите ученици секоја година активно учествуваат на мeѓунарoден натпревар за класична гитара, каде што се оценувани од најдобрите професори и солисти, од Америка, Германија, Шпанија, Италија, Хрватска и Србијa и Македонија.
Учениците кои се во можност секое лето посетуваат семинар за класична гитара каде што соработуват со најдобрите професори од музичките академии од Балканот, и се запознаваат и дружат со свои врсници, кои воедно се и едни од најдобрите гитаристи на своите години во јужна и западна Европа.
Оваа програма е наменета за почетници, без разлика на возраста, и се фокусира на основите на свирењето класична гитара, вклучувајќи правилно држење на гитарата (правилна постура и позиција на телото), основни техники на свирење со прсти и читање ноти. Учениците ќе научат безвременски класични композиции и ќе изградат цврста техничка основа.
Овој курс е за ученици кои ги совладале основите и сакаат да го усовршат својот стил. Часовите вклучуваат посложени композиции, напредни техники на свирење со прсти музичка експресија, со акцент на динамика и фразирање.
Овој курс е за ученици кои ги имаат совладано основите и напредните техники на свирење класична гитара. Часовите вклучуваат сложени композиции, техники на напредно ниво на свирење со прсти и музичка експресија кои што се наменети искчуиво за комплекси долги композиции како сонати,свити и дела создадени од повеќе става.
Совршено за оние кои се нови со електричната гитара, овој курс ги воведува учениците во инструментот, основни акорди, „power chords“, едноставни рифови и основни техники на свирење. Учениците исто така ќе се запознаат со опремата, како што се засилувачи и педали.
Средното ниво ги истражува напредните техники како соло свирење, „bending“, вибрато и скали. Часовите исто така опфаќаат различни стилови на свирење, како рок, блуз и метал.
Напредното ниво ги истражува напредните техники како соло свирење на повеќе различни музикчки стилови како џез, рок и метал. Изочување на техниките како што се “sweep picking” и “tapping”. Импровизација со користење на модуси и скали.
Научете ги основите на свирењето полуакустична гитара, комбинирајќи техники од електричната и акустичната гитара. Фокусот е на акорди, основни шаблони за свирење и разбирање на флексибилноста на инструментот.
Продолжувајќи од основите, овој курс се фокусира на напредни техники, како што се свирење со прсти, хибридно свирење и користење на полуакустичната гитара во различни жанрови како фолк, поп и џез.
Овој курс се фокусира на напредни техники, како што се свирење со прсти, хибридно свирење и користење на полуакустичната гитара во различни жанрови како рок, поп и џез.
Изучување на “fingerstyle” техники и композиции и техники како импорвизирање на скали и модуси и техники како “sweep picking” и hybrid picking.